Пожарникарите од ТППЕ Велес синоќа имаа повеќе интервенции поради обилните дождови, а најдраматичната од нив се случила околу 19 часот, кога успеале да спасат мајка и дете заглавени во поплавен автомобил кај поранешниот силос на „Жито Вардар“, информираат од Територијалната противпожарна единица Велес.
Според информациите, возилото останало заглавено на поплавена улица, а мајката и детето не можеле самите да излезат. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите од ноќната смена, двајцата биле успешно и безбедно извлечени.
По оваа спасувачка акција, пожарникарите веднаш продолжиле со неколку интервенции на извлекување вода од поплавени дуќани и подруми долж главната улица „Благој Ѓорев“, локација која секој пообилен дожд ја претвора во критична зона поради нерешената атмосферска канализација.
Како што информираат од ТППЕ Велес, причина за честите поплави во овој дел од градот е високата ридеста конфигурација на Велес, од каде поројната вода од повисоките улици се слева кон главните градски правци, предизвикувајќи поплави и материјална штета.
Интензивната ноќ за пожарникарите не завршила тука. Околу 22 часот, третата ноќна смена итно се упатила кон гаснење на големиот пожар што избувнал во фабриката „Аронија“, во сопственост на ДПТУ „Мирана“.
Борбата со огнената стихија траела цела ноќ. Пожарот бил локализиран во 4 часот наутро, а целосно изгаснат во 6:30 часот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖