Измени во законот во корист на домашното производство

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека трае откупот на домашната реколта тутун, нема да се увезува тутун од странство. Ова е една од клучните измени во Законот за тутун кои поминаа во Собранието и веќе од 29 јули, со објавување во Службен весник, се на сила.

Сојузот на земјоделските здруженија е задоволен од законските измени и смета дека вака се штити домашното проиводство.

– Со ова, прво, го заштитуваме нашето, домашно производство на тутун. Значи, од 16 ноември па до 28 февруари наредната година, додека трае откупот, да не може да се увезе ниту еден килограм тутун. Тоа ни беше најбитно и голема помош имавме од Министерството и министерот за земјоделство – вели Кире Ристески, претседател на Сојузот.

Целта е да се поддржи одржливото производство

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство прецизираат дека уште од февруари е донесено решението дека се неопходни законските измени за да се подобри прометот, откупот на тутун и да се поддржи одржливото производство.

– Измените на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се однесуваат на подобрување на откупот, прометот и контролата на тутунот, забраната за увоз на необработен тутун, тутун сушен на сонце (sun – cured) за време на периодот на откуп на тутун од домашно производство, обврската на откупувачите на тутун за водење евиденции за откупените, увезените и обработените количини на тутун и внес на податоците во информативниот систем за евиденција на тутунското производство, подобрување на условите за обработка на откупениот тутун за откупувачите на тутун – велат од Министерството за земјоделство.

Другите измени ќе се носат во редовна постапка

Работна група со претставници од Министерството за земјоделство, од Сојузот, откупувачите, Министерството за здравство, од Стопанската комора и Царината ги изготвуваше измените.

– Со измените ќе се допрецизира поимот за промет на тутунот (промет на необработен тутун во смисла на овој закон е увоз на необработен тутун наменет за обработка). Се доуредува информативнот систем за евиденција на тутун ИСЕТ, ќе се подобри откупот на тутунот и, покрај со евидентирани податоци за договорени и откупени количини тутун, да се внесуваат и податоци за увезени количини необработен тутун, ќе се подобри прометот и контролата на тутунот, како и ќе се подобрат условите за просториите и опремата за сместување и обработка на тутунот заради подобрување на откупот и обработката на тутунот од откупувачите – прецизираат од Министерството.

Забраната за увоз на ароматичен тутун додека трае откупот, како и можноста освен досегашните четири откупни компании, сите да може да го преработуваат и да го извезат откупениот тутун, се донесени по брза постапка за да може да се применуваат веќе од годинашнава откупна кампања. Другите законски измени ќе одат во редовна постапка и од Сојузот се надеваат дека ќе бидат донесени до крајот на годинава.

– Другите измени во Законот за тутун ќе одат во редовна постапка, меѓу другото и зголемувањето на ингеренциите на Сојузот на земјоделските здруженија. Со тие измени ќе бидеме целосно рамноправни партнери во договарањата со откупувачите, во поглед на договорите за реколтата, цените, за текот на откупот, како и за полагањето лиценци за повереници при откупот на тутунот. Мислам дека тие измени во редовна постапка ќе се донесат до крајот на оваа година – вели претседателот на Сојузот, Ристески.

- Advertisement -
Ad image

Сушата го зема данокот

Поради големата суша, за 30 до 40 проценти ќе биде намален родот на тутунот од очекувањата. Иако годинава е зголемен бројот на договорите и површините под тутун, нема да се достигнат очекуваните 26.000 тони, туку најмногу што може да се очекува е род од 18.000 до 19.000 тони, констатираат од Сојузот на земјоделските здруженија.

Share This Article