Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или в четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.
– Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите. Тие се паметни и се доста добри во избегнувањето на санкциите, па ќе видиме што ќе се случи – им рече Трамп на новинарите пред да се качи на „Ер Форс Уан“ откако го напушти својот голф клуб во Њу Џерси.
Трамп рече и дека е можно некои Американци да добијат некаков вид дивиденда или друга форма на плаќање како резултат на царините за американските трговски партнери.
– Може да има распределба или дивиденда за луѓето во нашата земја, би рекол за луѓето со средни и ниски приходи, би можеле да дадеме дивиденда – рече тој.