Македонскиот тенисер Калин Ивановски со пласман во четвртфиналето го заврши турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Тој денешниот меч против првиот носител Свјатослав Гулин го предаде поради повреда во вториот сет при резултат 1-0 во сетови за противникот и 3:1 во гемови во вториот сет.
Во првиот сет по 1:1 во гемови првиот носител Гулин направи серија од пет гема и го освои сетот со 6:1. Во вториот сет Ивановски поведе со 1:0, но потоа Гулин имаше три гема за 3:1 и во петтиот гем по еден одигран поен Ивановски се повлече од мечот.
Ивановски и следната недела е пријавен за настап на турнир во Куршумлијска Бања.