Background

Плаќањето со картички лани пораснало за 14,3%

Годишната стапка на инфлација забави во второто тримесечје и се сведе на 3,5%, но сепак е малку повисока во споредба со очекувањата од април, се наведува во кварталниот извештај на Народната банка што е усвоен од Советот на Банката на редовна седница.

Во Извештајот се истакнува дека во текот на вториот квартал Народната банка го задржала внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата.

Во однос на остварувањата на основните макроекономски показатели, во првиот квартал од годината растот на домашната економска активност е стабилен, со стапка којашто е приближно иста со проектираната според априлскиот циклус проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал упатуваат на натамошен раст на економската активност. Годишната стапка на инфлација забави во второто тримесечје и се сведе на 3,5%, сепак е малку повисока во споредба со очекувањата од април. Надворешната позиција на економијата е стабилна и во склад со очекувањата, при умерен дефицит на тековната сметка во првото тримесечје од 2,1% од БДП, а нивото на девизните резерви и натаму е во безбедната зона и обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.

- Advertisement -
Ad image

Монетарните податоци покажуваат натамошен солиден раст на депозитите и на кредитната активност. Банките и натаму обезбедуваат кредитна поддршка за домашната економија, посилна од очекувањата, при посилен раст и на депозитната база. И натаму се бележат поволни придвижувања од аспект на рочната и валутната структура на штедењето (раст на денарските и долгорочните депозити), одразувајќи ги ефектите од мерките преземени од страна на Народната банка и стабилизираните очекувања на економските субјекти.

„Економските услови и натаму се под влијание на неизвесноста, односно ризиците поврзани со надворешното окружување сѐ уште се изразени, а неопходно е натамошно следење и поголема претпазливост во однос на политиките коишто влијаат врз побарувачката во домашната економија и врз ценовната динамика. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност“, се наведува во соопштението од Банката.

На седницата на Советот е усвоена Годишната информација за плаќањата во земјава за 2024 година, како и Годишниот извештај за извршениот надзор над платните системи во 2024 година, коишто покажуваат дека зголемената употреба на дигиталните решенија за извршување на плаќањата придонела за солиден годишен раст на бројот на безготовинските плаќања во текот на 2024 година од 12,7%.

Растот во поголем обем произлегува од плаќањата со платежни картички, a се забележува солиден раст и на плаќањата со кредитни трансфери (платни налози). Притоа, кај платежните трансакции со платежни картички е остварен годишен раст од 14,3%, а кај платежните трансакции остварени со кредитните трансфери растот изнесува 9,8%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation