Дали некогаш сте помислиле дека постои фестивал каде што се собираат илјадници близнаци од целиот свет – облечени идентично, одговараат исто и се натпреваруваат кој е посинхронизиран?
Токму тоа се случува секој август во Твинсбург, Охајо, а од денеска почнува фестивалот „Твин дејс“ (Twin Days Festival) кој слави јубилејни 50 години со богата програма, емоции и со нови изненадувања, објави списанието „Бикон“.
Учесниците се охрабруваат да се облечат во духот на некоја од претходните теми на фестивалот, на пример во стил од 1960-те и од 1970-те, костими на суперхерои, во циркуски мотиви и други креативни идеи. Годинешната програма нуди парада, трка на 5 километри, ново забавно квиз-шоу за близнаци, како и посебни настани за оние кои го изгубиле својот близнак.
Фестивалот започнал во 1976 година како дел од прославата на американскиот биценетенијал и оттогаш има повеќе од 84.000 парови учесници. „Твин дејс“ е регистриран во Гинисовата книга на рекорди како најголем годишен собир на близнаци во светот.
Во 2020 година фестивалот беше виртуелен поради пандемијата.