Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа во второто коло на М15 турнирот во Куршумлијска Бања. Тој во денешиот меч го совлада српскиот тенисер Ѓорѓе Шапиќ со 2-1 во сетови (6:7(5); 6:1, 6:1) за два часа игра.
На почетокот на мечот Ивановски поведе со 3:0 во гемови во првиот сет, но противникот стигна до изедначување од 4:4. Во тај брејкот од првиот сет Шапиќ беше поуспешен со 7:5 на поени и поведе со 1-0 во сетови.
Во следниот сет Шапиќ поведе со 1:0 во гемови, но Ивановски направи серија од шест гема и успеа да изедначи на 1-1 во сетови.
Во решавачкиот сет македонскиот тенисер имаше водство од 3:0, а Шапиќ успеа да освои само еден гем бидејќи Ивановски и третиот сет го доби со 6:1 во гемови како во вториот и со тоа оствари победа од 2-1 во сетови.
Во четвртфиналето утре Ивановски за противник ќе го има победникот од мечот Свјатослав Гулин (прв носител) и Диан Недев.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
