По оставката од претседателската функција во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска се враќа на своето претходно работно место во Државниот завод за ревизија, објави Телма.
Од институцијата за телевизијата потврдиле дека таа повторно ќе ја извршува функцијата помошник на главниот државен ревизор, која ѝ била во мирување додека раководела со ДКСК.
Димитровска поднесе оставка на 25 јули, а на 29 јули македонското Собрание ја констатираше нејзината оставка.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
