Активности на ЈПКД ,,Дебрца”

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
JПКД Дебрца, во соработка со Општина Дебрца, изврши чистење и уредување на спортската сала „Аминта Трети“ во село Требеништа, по иницијатива и барање на жителите.
 Со оваа активност се овозможуваат подобри услови за користење на салата и се придонесува за поквалитетен спортски и општествен живот во заедницата.
 Голема благодарност до мештаните за нивната проактивност!
Продолжуваме заедно да работиме за поубава и поуредена Дебрца!
Интервенција на водоводната мрежа во Охридски аеродром 💧
Екипите на ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, денес успешно интервенираа на дефект на водоводната мрежа (цевка Ф140) во Охридски Аеродром.
✅ Дефектот е отстранет
✅ Водоснабдувањето е нормализирано
По завршувањето на спортскиот турнир во село Мешеишта, Јавното претпријатие за комунални дејности – ЈПКД Дебрца, во соработка со Општина Дебрца, спроведе активности за темелно чистење и уредување на јавниот простор село Мешеишта.
👉 Се изврши целосно чистење на централниот дел на селото, како и на спортското игралиште каде се одржуваа натпреварите, при што отпадот беше соодветно отстранет, зелените површини расчистени, а целиот простор вратен во својата првобитна и уредна состојба. Овие активности се дел од нашата заложба за одржување на хигиената, безбедноста и естетиката на јавните простори во секое населено место од нашата општина.
По пријава за проблем во водоводната мрежа во село Оровник, екипите на ЈПКД „Дебрца“ во координација со Општина Дебрца веднаш излегоа на терен и ја завршија санацијата на дефектот во рекордно време. Интервенцијата беше изведена во близина кај игралиштето каде што беше забележано истекување на вода.
🚰 Снабдувањето со вода сега е целосно нормализирано, а системот функционира без пречки.
САНИРАН ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДОТ ВО С. ГРКОПОЛЕ 🔧💧
Екипите на ЈПКД „Дебрца“, во координација со Општина Дебрца, успешно интервенираа и го санираа дефектот на водоводната мрежа во село Гркополе. Интервенцијата беше извршена во близина на локалната патна мрежа, со што беше спречено прекинување во снабдувањето со вода.
JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, спроведе итна интервенција на главната водоводна линија во село Горенци, во близина на надвозникот, каде што беше предизвикано сериозно оштетување на цевка со димензија 6/4 цола, која ја поврзува мрежата со локалниот резервоар.
 До прекинот на водоснабдувањето дојде поради градежни активности изведени од компанијата „Синохидро“, ангажирана на терен како изведувач на инфраструктурни проекти.
Во координација со Општина Дебрца, ЈПКД „Дебрца“ успешно изврши инсталација на текомати на цевка Ф110, со цел трајно решавање на проблемот со водоснабдување дел од Подмоље и околината на „Макпетрол“, вклучително и неколку правни објекти зад објектот на „Макпетрол“.
 Оваа интервенција е дел од нашите континуирани напори за подобрување на водоводната и комуналната инфраструктура на територијата на општината.
ЈПКД „Дебрца“, во координација со Општина Дебрца, успешно интервенираше на водоводната мрежа кај локацијата под пиланата ДрвоПром во село Оровник, каде што беше евидентиран дефект настанат при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Ад Илинден“ за потребите на изградбата на автопатот.
При изведбата беше оштетен еден водоводен приклучок, со што привремено без вода остана едно Правно Лице
Share This Article