Познатата шведска активистка Грета Тунберг на албански јазик извикуваше „Слобода за Палестина“ на протест во Тирана одржан во средата, 22 јули. Таа заедно со демонстрантите го крена гласот за страдањата на палестинскиот народ предизвикани од Израел, објави Топ чанел.
Иако бројот на учесници на овој протест не беше голем, учесниците гласно повикуваа на почитување на нивната кауза и крај на војната во Газа.
Протестот започна во 18 часот а се одржа под мотото „Стоп на гладот, дозволете храна и живот“.
Во изјава, шведската активистка ја истакнала алармантната хуманитарна ситуација во Газа, наведувајќи дека „Палестинците се во петтата фаза на неухранетост и ги користат своите последни сили за да ја подигнат меѓународната свест“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
