Автобус се урна во клисура во регионот Јакутија во источна Русија, при што загинаа 13 лица, а 20 се повредени, соопштија денес локалните власти.
Возачот ја изгубил контролата, поради што автобусот со рудари скршнал од патот и се урна во клисура длабока околу 25 метри.
Инцидентот се случил синоќа по 18 часот, односно околу 3 часот наутро по локално време, соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.
„Несреќата се случила на индустрискиот пат кај Рударско-преработувачкиот погон Денисовски“, додаде министерството, кое рудари и преработува јаглен.
Судските власти отворија кривична постапка за небрежност.
Индустриските несреќи од овој тип се чести во Русија и најчесто се предизвикани од лоши безбедносни стандарди.
Локалните власти го прогласија вторник, 22 јули, за Ден на жалост.