Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
UV индексот ќе биде висок 9
Максималната дневна темература ќе достигне до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе достигне 39 степени.
И првите три дена од следната недела времето ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурите ќе достигнат 41 степен.