Сириските власти соопштија дека израелската армија вечерва извршила нови напади во предградието на Дамаск, откако во текот на денот ги таргетирала седиштето на сириската армија и областа околу претседателската палата во центарот на главниот град.
Нападите овој пат биле насочени кон областа околу воениот аеродром, каде што се наоѓаат складишта за муниција, изјавил извор од сириското Министерство за внатрешни работи за АФП.
Израел денес прво го бомбардираше седиштето на сириската армија во самиот Дамаск и се закани дека ќе ги интензивира нападите врз сириските сили ако не го напуштат јужниот регион Свеида, каде што живеат Друзите и каде што повеќе од 300 луѓе се убиени во борбите во последните три дена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
