Background

Кокаинот и марихуаната ги спакувал во форма на 2 тениски топчиња

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Во текот на вчерашниот ден при извршен претрес пред започнување на ноќна смена на работа, кај осомничениот била пронајдена наркотичната дрога, и тоа: растителна материја – марихуана во количина од 73 грама и бела прашкаста материја – кокаин во количина од 50 грама. Дрогата спакувана во форма и големина на две тениски топчиња, осомничениот ја држел кај себе, скриена во долен веш, а со цел истата да ја продаде на осудени лица во КПУ – КПД Идризово.

Согледувајќи ги околностите што укажуваат на опасност од бегство доколку осомничениот се брани од слобода, како и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и дека реално постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

- Advertisement -
Ad image

Ова е трет случај во кој затворски полицаец е фатен во сторување на ова кривично дело. Во двата случаи станува збор за еден затворски полицаец од КПУ Затвор Скопје правосилно осуден на казна затвор од 3 години кој беше фатен со 7,65 грама марихуана и 0,96 грама кокаин и затворски полицаец од КПУ-КПД Битола осуден на 6 месеци кај кого беа пронајдени 1,90 грама кокаин, а кој предмет е во жалбена постапка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation