Високите цени на наедвижностите, особено на становите, во земјава се повод за загриженост на Народната банка. Гувернерот Трајко Славески рече дека веќе се подготвува сеопфатна анализа за причините за ваквата состојба и најави мерки, кои ќе вклучат и повеќе државни институции.
Тој смета дека за стабилизирање на цените на недвижностите е потребен за да не дојде до сериозни социјални и економски проблеми.
– Според мерењата направени досега цените на недвижностите се високи. Тоа е веќе причина за загриженост. Нардона бнака во консултација со другите институции ќе треба да го реши овој проблем. Би сакале да ги насочиме нашите активности кон јасна дистинкција на она што значи кредитирање на граѓаните за решавање на станбено прашање, посебно на младите, од кредитирањето како инвестиција или во некој случај шпекулација во очекување на повисоки цени на становите. Затоа што сме свесни дека станот или куќата во кои живееме може да стане место за шпекулација бидејќи состојбата каква што е може да предизвика социјални и економски проблеми – рече Славески.
Цените на недвижностите, според податоците на Народна банка, во вториот квартал пораснаа за 22,3 % во споредба со истиот квартал лани. Претходниот квартал цените пораснаа за 22,6% во однос на истиот квартал лани.
Славески рече дека очекува да се стабилизира инфлацијата, а ако не се случи тоа Народна банка ќе преземе мерки.
Во однос на порастот на цените, рече дека, е од сезонски карактер и се однесува главно на овошјето и зеленчукот.
Tagged as:
Ќе се прави дистинкција на станови за живеење и станови како инвестиција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
