На грчкиот остров Егина, во манастирот Света Екатерина се наоѓа чудотворната икона на Свети Спиридон која при поклонување и при кажување молитва ги отвора и ги затвора очите, трепка за надеж, за здравје, за радост

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На грчкиот остров Егина, во манастирот Света Екатерина се наоѓа чудотворната икона на Свети Спиридон која при поклонување и при кажување молитва ги отвора и ги затвора очите, трепка за надеж, за здравје, за радост.

Според легендата, иконата ја насликал некој човек пред околу 500 години, кој го сонувал Свети Спиридон кој барал да го прикаже според угледот на моштите и да ја подари на овој манастир.

Манастирот Света Екатерина се наоѓа на околу 300 метри од зданието на манастирот Свети Нектариј. Тоа е невпечатлива градба, изолирана од метежот на прославениот манастир Свети Нектариј. Големата метална сина врата воопшто не наликува на манастирска порта и не е ширум отворена да ги прими верниците. Таа се отвора според волјата на монахињите кои ги пречекуваат намерниците во утринските часови со послужение од ладна вода, кафе со локум и традиционални грчки пецива. Имало случаи кога гости од други држави доаѓале, портата била затворена и не успевале да влезат.

Монахињите, кои се повозрасни жени и не зборуваат англиски јазик, со поглед те насочуваат кон скалите кои водат до иконата на Свети Спиридон, читајќи ја желбата на луѓето за поклонение пред оваа чудотворна икона.

За карактеристиките на оваа икона, но и за некои сведоштва поврзани со неа, ни раскажа отец Илче Мицевски – Игнат од Скопје, кого го затекнавме на поклоничко патување во манастирот Свети Нектариј.

– Во еден мал кивот со мошти на светата великомаченичка Екатерина имаме една икона насликана со светиот ерарх Спиридон Тримитунтски, претставен исто така како што стои во неговиот кивот во неговиот храм на островот Крф. За иконата е карактеристично што буквално е затворена во кивот, сличен на оној во кој што стојат и неговите свети мошти и таа икона го отсликува него како личност. Значи, точно како што е во кивотот, само разликата е што овде имаме икона, а таму го имаме неговото целосно нетрулежно тело – вели отец Илче.

Чудата не се случуваат по нарачка

Она што е карактеристично за оваа икона, додава, е што одвреме-навреме верниците сведочат дека очите на Свети Спиридон се отвораат.

– Кога луѓето ќе починат, сите се со затворени очи. Така и Светиот Спиридон, но, на оваа икона, одвреме-навреме, се забележува дека ги отвора очите. Некогаш лично можеме да дадеме сведоштво за тоа, некогаш не можеме, бидејќи чудата не се случуваат по нарачка или по команда. Затоа, некои верници можат да го видат тоа и да посведочат за чудото, а некои да не го видат и да не можат да кажат: „Е, јас бев и видов“ – појаснува отецот.

Сведоштвата за чудата на Свети Спиридон

Верниците кои отишле во неговиот храм на Крф, оние кои посведочиле лично за чудата што Свети Спиридон им ги направил, секогаш со радост зборуваат за тие чуда. Но, отец Илче раскажува дека има сведоштва за неговите мошти кои понекогаш исчезнуваат од неговиот кивот.

- Advertisement -
Ad image

– Човек од Романија, отец, кој лично ми го кажа тоа и со свои очи го видел, дошол со своето семејство на одмор на островот Крф, стигнале попладнето, храмот се уште бил отворен, а тој бил нестрплив да се поклони на моштите на Свети Спиридон. Бидејќи семејството останало во хотелот, биле уморни од патот, па тој решил да отиде сам. Кога влегол во храмот, се поздравил со некој јеромонах кој бил таму присутен и му рекол дека сака да се поклони пред моштите на Свети Спиридон – објаснува отец Илче.

Илче вели дека јермонахот му одговорил на отецот од Романија:

– Не е тука, дојди утре.

- Advertisement -
Ad image

Наоѓајќи се во недоумица, отецот рекол:

–Како не е тука, јас дојдов да се поклонам.

– Па, не е тука, дојди утре – му одговорил јеромонахот по вторпат.

Отецот повторно не можел да сфати зошто домаќинот така му кажува… и го прашал пак:

– Се извинувам, зошто ми велите така, јас дојдов од странство, изморен сум, имам голема желба да се поклонам пред Светителот.

– Оче, Свети Спиридон не е тука, ајде да ве одведам до кивотот. Еве, погледнете и вие со ваши очи. Свети Спиридон не е тука, кога ќе се врати не знам, подобро дојдете утре – бил одговорот на јеромонахот.

Отец Илче вели дека има многубројни сведоштва запишани од верници, од разни православници, а тоа го посведочуваат и свештениците што служат во тој храм дека понекогаш Свети Спиридон го снемува од кивотот.

– Што се случува – Свети Спиридон оди на места каде што е повикан во молитва, односно да пружи помош и понекогаш кога ќе се врати во кивотот на неговите чевли има остатоци од градежен материјал: од цемент, песок, тули, бидејќи тој е заштитник на ѕидарите, на мајсторите, кои го повикуваат да им помогне. Тој им помага и на други луѓе за разни болести, што значи дека може да биде и во болница и во природа, секаде каде се бара неговата помош, а Свети Спиридон лично оди таму да ја пружи по молитвите на верниците – појаснува отецот.

Инаку, се работи за еден од големите ерарски учители на црквата, голем молитвеник, голем чудотворец, учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, чиј што јубилеј се слави оваа година – 1.700 години од неговото случување.

Според православната традиција, тој бил облечен толку едноставно што еднаш, кога поканет од императорот сакал да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак го удрил по образот. На тоа, кроткиот Спиридон му го завртел и другиот образ.

Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф.

Сликите од иконата на Свети Спиридон се објавени од МИА и можете да ги погледнете ТУКА.

Share This Article