Манекенката и водителка Данијела Димитровска повторно предизвика восхит и лавина позитивни коментари.
Данијела Димитровска се смета за една од најубавите и најзгодните жени во Србија, а сега тоа повторно го потврди.
Имено, таа позираше во бикини со животински принт и остави многумина без здив со својата извајана фигура.
Покрај тоа, Данјиела дури не ја симнувала насмевката од лицето, а во коментарите ѝ рекоа дека никогаш не изгледала подобро.
„Авион“, „Најубавата“, „Оваа жена е совршенство“, „Како божица да се спуштила меѓу луѓето“, се само дел од коментарите под нејзината објава.
Данијела го прослави својот 38-ми роденден во април, и слободно може да се каже дека годините не ѝ можат ништо и дека никогаш не изгледала подобро, а за тоа заслужен е најмногу здравиот начин на живот што го практикува со години.
Данијела Димитровска еднаш на Инстаграм откри како изгледа нејзиното мени, а многумина ќе бидат зачудени што згодната манекенка и водителка на сланина не се откажува.
– Утрото го започнувам со вода со лимон и суплементи, земам пробиотик наменет за жени кој го зачувува репродуктивното здравје и го зајакнува организмот. Потоа преминувам на појадок. Омилена ми е палента со сирење и кисело млеко – рекла таа.
– За ручек, претпочитам да јадам тортилја со туна, зеленчук и сирење – рекла Данијела.
– Навечер јадам пита од тиква и салата со зеленчук, авокадо и сланина – открила манекенката кој е висока 178 см и совршено градена.
Несомнено е дека редовните посети на теретана се исто така заслужни за нејзината фантастична форма, но и фактот дека нема слатки во менито.