Background

Министерството вложува во нови болници и опрема

Интензивно се работи на значително зајакнување на јавното здравство преку системска реконструкција, доградба и изградба на здравствени објекти, со цел обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал, но и унапредување на квалитетот на здравствените услуги низ целата држава, соопшти Министерството за здравство.

„Во Штип, се планира целосно продолжување на изградбата на Клиничката болница, откако Министерството го раскина претходниот договор поради неисполнување на обврските од изведувачот. Новиот проект ќе ја опфати изградбата и опремувањето на болничкиот објект, Медицински факултет, студентски дом, комплетна инфраструктура и паркинг, со вкупна инвестиција од 147,65 милиони евра“, информираат од МЗ.

Во Тетово е предвидена доградба на два нови павилјона за специјализирани услуги како онкологија, инфектологија, дерматологија, психијатрија и гинекологија, како и реконструкција на постојните хируршки и интернистички блокови и целосно инфраструктурно и партерно уредување, со вкупна вредност од 40 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

„Во Кичево, по детална техничка и функционална проценка, ќе се пристапи кон целосна изградба на нова општа болница на нова локација, која ќе служи како регионален здравствен центар за поширокиот регион. Новиот објект ќе биде современ, енергетски ефикасен и целосно опремен, во вредност од 18 милиони евра“, посочуваат од МЗ.

Покрај градежните интервенции, проектите вклучуваат и набавка на најсовремена медицинска и немедицинска опрема. Вкупната вредност на целокупната инвестиција изнесува над 205 милиони евра.

„Овие проекти се дел од визијата за модерно, достапно и функционално здравство, каде што секој пациент ќе добие навремена и квалитетна здравствена услуга, а медицинскиот персонал ќе работи во безбедна и современа средина“, се наведува во соопштението од МЗ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation