Background

Центарот за управување со кризи информира дека до 18:30 часот денеска се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор низ територијата на државата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:30 часот денеска се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор низ територијата на државата. Од нив, четири пожари се сè уште активни, додека осум се успешно изгаснати.

Меѓу активните пожари, најсериозни се оние во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина. Активни пожари се пријавени и во општина Велес, во близина на селата Џидимирци и Крушје, каде што гори мешана шума.

Дополнително, пожар е активен и во општина Чучер Сандево, во село Горњани, каде што гори нискостеблеста шума. Слична состојба е и во општина Дојран, во село Николич, каде што исто така е зафатена нискостеблеста шума.

- Advertisement -
Ad image

Од друга страна, од ЦУК информираат дека се изгаснати осум пожари на различни локации. Во Прилеп, во населбата Три Багреми, е изгаснат пожар во ниска вегетација. Во општина Виница се изгаснати два пожари – во селото Драгобрашта, каде што горела деградирана ниска вегетација, и во селото Лески, каде што било запалено ѓубре.

Пожари се изгаснати и во село Војшанци, општина Демир Капија, како и во село Франгово, општина Струга, каде што било запалено стрниште. Во Липково, во село Отља, и во Тетово, во селата Пршове – Јегуновце и Стримница – Фалиште, се изгаснати пожари во деградирана ниска вегетација.

ЦУК апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при движење и активности во природа, особено во услови на високи температури и суво време, кое значително го зголемува ризикот од појава и ширење на пожари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation