Background

Во 21. век нема место за национализам во Европа, порача Муцунски во Хрватска

Случувањата во Европскиот Парламент не беа само семантика. Тоа беше политички чин на негирање на идентитетот, рече министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на меѓународната конференција „Дубровник Форум“ во Хрватска.

– И сакам да бидам јасен, национализмот од 19. и од 20. век нема место во Европа на 21. век. Идентитетот не е прашање за преговори, туку основно човеково право. Добрососедството не подразбира толерирање провокации. За жал, мнозинството во Европскиот Парламент го поддржа ова бришење, но имаше и пратеници кои гласаа против или се воздржаа. Еден од нив е со нас денес. Му благодарам нему и на сите што постапија принципиелно – тоа е доказ дека совеста сè уште постои во европската политика – рече Муцунски во своето обраќање.

Фокусот на дискусиите беше ставен на безбедноста на Западен Балкан и процесите на Евроатлантска интеграција. Се дискутираше и за пошироки прашања како трансатлантските односи, европските предизвици, одбранбените капацитети на Европа и перспективите на Иницијативата „Три мориња”.

- Advertisement -
Ad image

На панелот за Западен Балкан беа разменети ставови за напредокот на државите од регионот, значењето на европските и евроатлантските интеграции, како и за актуелните безбедносни предизвици. Учесниците заклучија дека, во услови на зголемени ризици, е потребен засилен ангажман на меѓународната заедница за зачувување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Во своето излагање, министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Македонија кон зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, укажувајќи дека глобалните безбедносни предизвици бараат поголемо внимание од меѓународната заедница. Западен Балкан, поради својата геополитичка положба, претставува нераскинлив дел од европската безбедносна архитектура, рече Муцнски.

Тој подвлече дека предвидливите и достижни европски и евроатлантски процеси се потврдени механизми за унапредување на реформите, постигнување на долготраен мир и за спречување на негативни надворешни влијанија. Муцунски ја потенцираше и потребата од зајакнување на регионалниот дијалог, соработката и меѓусебната поддршка во интегративните процеси, истакнувајќи дека земјите од регионот имаат заедничка одговорност да ги поддржуваат иницијативите за помирување и решавање на отворените прашања.

Во заклучоците, министерот Муцунски ја нагласи и неопходноста од зајакнување на капацитетите на земјите од регионот за справување со современите безбедносни предизвици, со што ќе се зајакне нивната и отпорноста на целиот регион, како директен придонес кон европската безбедност, соопштија од неговиот кабинет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation