Background

Не престануваат турбуленциите во Хрватска, на мета е и бендот Хладно Пиво

Не запираат турбуленциите по концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, на кој имаше усташка симболика. Овојпат, градоначалникот на Вуковар го покани Томпсон да настапи во градот со порака дека „луѓето од Вуковар се подготвени“, пренесува Телеграф.

Градоначалникот на Вуковар, Маријан Павличек, на Фејсбук објави дека официјално испратил покана до Марко Перковиќ Томпсон за концерт во 2026 година.

„Со оглед на денешните изјави на градоначалникот на Загреб дека Томпсон повеќе не е добредојден во метрополата, упатувам отворена покана до Томпсон да настапи во Вуковар. Градот Вуковар денес официјално упати покана до менаџерот на г-дин Перковиќ да настапи во Вуковар во 2026 година“, истакна Павличек.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека очекува Томпсон да ги усогласи датумите за концертот.

„Луѓето од Вуковар се подготвени. Нека видат дека сме тука“, нагласи Павличек.

Ваквата покана уследи откако градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, рече дека додека тој е на чело на градот, нема да има повеќе концерти како оној што се одржа на 5 јули на Хиподромот.

– Додека јас сум градоначалник, нема да има вакви концерти – порача Томашевиќ.

Во меѓувреме, фронтменот на познатите панкери Хладно пиво, Миле Кекин, се огласи за снимка од концертот во Домот на Спортовите од 2004 година што се појави на социјалните мрежи. На снимката дел од публиката возвраќа „Спремни“, а некои тврдат дека Кекин викал „За дом“.

Никогаш во животот не сум викал „За дом спремни“, вели Кекин на социјалните мрежи.

„Како човек, немам дилеми околу апсолутната осуда на усташкиот режим, а како уметник, се борев и ќе се борам против омразата, нетолеранцијата и враќањето на минатото со моите песни“, напиша тој на Фејсбук.

Кекин објавата ја заврши со „СФСН“, што значи смрт на фашизмот, слобода на народот.

EPA/ANTONIO BAT

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation