Во организација на манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар, и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, од 7 до 10 јули 2025 година ќе се одржи 8. Слепченско-демирхисарска летна школа, посветена на големите црковни јубилеи и годишнини на Охридската архиепископија и на Слепченскиот манастир – 500 години архиепископ Прохор и Слепченски книжевен центар.
Во рамките на програмските активности на школата се предвидени повеќе настани, меѓу кои и промоција на монографијата „Црковното книжевно наследство на Слепченскиот манастир ’Св. Јован Претеча’ од акад. Ѓорги Поп-Атанасов, на фототипните изданија од збирката на слепченските ракописи, во рамките на одржувањето на четвртиот меѓународен научен собир „Слепченскиот книжевен центар и архиепископот Прохор“ (500 години од хиротонијата на архиепископот охридски Прохор – 1525-1550), тематски насочен кон научно валоризирање, проучување и афирмирање на книжевните, историските и уметничките традиции на Слепченскиот манастир и на Охридската архиепископија во времето на архиепископот Прохор (1525-1550).
На симпозиумот ќе учествуваат предавачи од академиите, универзитетите и научните институции од повеќе земји во регионот.
Оние што се заинтересирани да ги следат предавањата можат да го контактираат манастирот преку контакт-формата на веб-страницата manastirslepche.mk.
„Денес во македонската културна и научна јавност Слепченско-демирхисарска летна школа прерасна во препознатлив научно-едукативен бренд. Според својот формат, концепција, број на учесници, теми и учество на релевантни државни образовни и научни институции и едукатори, а особено според бројот на заинтересирани студенти, дипломци, магистранди и докторанди, таа е пред сите слични т.н. летни работилници“, велат организаторите на настанот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
