Background

Во САД сериозно се  размислува за поместување на границата за целосно пензионирање на  70 години

Во САД сериозно се  размислува за поместување на границата за целосно пензионирање на  70 години. Ти причини се наведуваат како поткрепа на овој преслог –  промената на демографијата, зголемениот животен век и зголемениот притисок врз буџетот за социјално осигурување на САД.

Сега возраста за целосно пензионирање (FRA) во САД е помеѓу 66 и 67 години, во зависност од годината на раѓање.

Комесарјатот за социјално осигурување веќе алармира дека средствата на програмата би можеле да пресушат уште во 2034 година, ако нешто не се преземе веднаш.

- Advertisement -
Ad image

„Без нови приходи или намалување на трошоците, плаќањата би можеле да се намалат за сите.Луѓето живеат подолго, па затоа добиваат пензија повеќе години отколку порано. Помалку работници финансираат повеќе пензионери, што создава огромен фискален притисок“, се наведува во извештајот на овој комерсарјат.

Доколку се помести ограничувањето на пензијата на 70 години, оние кои сакаат да се пензионираат порано би добиле значително пониска месечна исплата. Така пензионирањето на 62 години би можело да го намали износот на пензијата за 30 до 35%.

Оние во триесеттите и четириесеттите години треба да обрнат посебно внимание. За нив е планирана нова пензиска политика, додека сегашните пензионери и оние кои се блиску до пензионирање веројатно би останале според старите правила.

Во дебатата се активни и алтернативи на повисоката старосна граница. Меѓу нив се укинување на горната граница за данок на доход, за богатите да придонесуваат повеќе, мамалување на пензиите за лицата со високи приходи и воведување тест за средства за право на целосна пензија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation