Background

Малолетниците по 5 часа дневно се на интернет

Според анкетата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), кај 34,1 процент од домаќинствата, интернет пристап користат малолетни лица, при што во 80,7 проценти од случаите, малолетните лица секојдневно го користат интернетот во домаќинството. Најголем дел или 78,2 проценти во просек поминуваат до пет часа дневно приклучени на интернет.

Свесност за софтвер за родителска контрола кој на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет, постои кај 63,5 проценти од испитаниците. Ваков софтвер имаат инсталирано 25,9 проценти од домаќинствата, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, 58,6 проценти би инсталирале. Од оние испитаници кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, 17,3 проценти знаат каде можат да најдат ваков софтвер.

Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации.

- Advertisement -
Ad image

Како што се наведува во анкетата, интернет во домаќинството користат 94,1 процент од испитаниците. Најголем дел се корисници на А1 (39,3 проценти) и Македонски Телеком (37,8 проценти), додека 12,8 проценти се корисници на интернет од Телекабел. Иако не сите испитаници имаат интернет приклучок во домот, 99,9 проценти користат интернет. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, 36,6 проценти знаат која е брзината на интернет конекцијата што треба операторот да ја обезбеди, а од нив 87,8 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество на податоци од интернет провајдерот, се наведува во резултатите.

Нешто повеќе од една четвртина или 27,4 проценти од испитаниците се соочиле со некаков проблем при користење на интернет во домаќинството, односно во 2025 година 72 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството.

„Најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (19,8 проценти), прекини/недостапност на услугата (16,1 проценти), и проблеми со техничката опрема (7,9 проценти). Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 47,5 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и кај 54,7 проценти проблемот бил отстранет истиот ден“, се клучните наоди од анкетата.

Приближно една четвртина или 24,3 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот оператор, а потполно задоволни се 40,1 процент од нив. Писмен приговор упатиле само еден процент од испитаниците, покажуваат резултатите од анкетата на АЕК.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation