Откако најавуваше формирање на нова политичка партија во САД, милијардерот Илон Маск кој до неодамна беше шеф на Одделот за ефикасност во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објави дека ја формирал „Американска партија“.
Маск вчера се обрати на „Икс“ каде ги праша своите следачи дали на САД и е потребна нова партија, по што денеска и официјално ја објави.
„Вие сакате нова политичка партија и ја добивате. Денеска „Американска партија“ (America Party) е формирана за да ви ја врати слободата“, напиша Маск.
Соопштението од Маск доаѓа откако претседателот Доналд Трамп во петокот потпиша закон за намалување на даноците и трошењето, на што милијардерот, извршен директор на „Тесла“, жестоко се спротивстави.
Маск потроши стотици милиони долари за реизборот на Трамп и го водеше Одделот за владина ефикасност под администрацијата на Трамп, со цел намалување на владините трошоци, но двајцата оттогаш се скараа поради несогласувања околу законот.
Трамп претходно оваа недела се закани дека ќе ги прекине милијардите долари субвенции што компаниите на Маск ги добиваат од федералната влада.
Tagged as:
Маск објави дека ќе ја врати слободата во САД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
