Барон Трамп, најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп и на првата дама Меланија Трамп, наводно е вљубен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Барон Трамп, најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп и на првата дама Меланија Трамп, наводно е вљубен. Според пишувањето на американските медиуми, 19-годишниот Барон, кој ја заврши првата година од студиите на престижниот Универзитет во Њујорк, бил виден во друштво на мистериозна девојка, објави „Дејли меjл“.

Иако сè уште не е познато која е новата девојка на младиот Трамп кој медиумите ретко се гледаат во јавноста, извор близок до семејството открил дека станува збор за „многу симпатична девојка“, пишува „Њуз нејшн“.

– Барон има навистина симпатична девојка и често се гледаат – рекол изворот.

Интересно е што и покрај тоа што е под постојан надзор на Тајната служба, што е вообичаено за членовите на семејството на американскиот претседател, Барон може слободно да излегува и да се гледа со девојки.

– Тајната служба организира сè. Кој и да тврди дека нивното присуство би го спречило во тоа, се лаже – додал еден политички инсајдер за „Пипл“.

Ако гласините се точни, ова би можела да биде првата јавно позната врска на Барон Трамп.

„Дејли мејл“ ги контактирал претставниците на семејството на Трамп за коментар, но досега нема официјални потврди.

Инакѕ, на крајот од 2024 година, во редок момент на искреност, Доналд Трамп зборуваше за приватниот живот на својот најмлад син во поткастот „ПБД“ со водителот Патрик Бет-Дејвид. Кога еден новинар го прашал дали Барон има девојка, американскиот претседател одговорил: „Не мислам дека имал девојка. Мислам дека не… Често споменува нешто…“, рекол Трамп без да ја заврши мислата, но додал: „Изгледа многу добро“, осврнувајќи се на висината на неговиот син од 206 сантиметри.

Да потсетиме, Барон Трамп е роден во 2006 година во бракот на Доналд и Меланија Трамп, кога Трамп беше на врвот на својата медиумска кариера. Уште од мали нозе беше во центарот на вниманието, иако неговите родители, особено неговата мајка, го држеа подалеку од очите на јавноста.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article