Сообраќајната полиција вчера при контролите во Куманово и во Тетово за 8 часа казнила дури 169 возачи за разни сообраќајни прекршоци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сообраќајната полиција вчера при контролите во Куманово и во Тетово за 8 часа казнила дури 169 возачи за разни сообраќајни прекршоци. Некои возеле без дозвола, други возеле нерегистрирани возила. Но, барем биле трезни – нема информација за фатени пијани зад волан.

„Вчера, 2.7.2025 година во периодот од 16 до 22 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата се санкционирани 169 возачи. Од нив 17 за возење без возачка дозвола, 13 за управување возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи за управување возило со несоодветна категорија. Изречени се 9 мерки за возачи кои управуваат моторно возило како возач почетник, односно со сила на мотор на возилото поголема од дозволената. Изречени се 73 санкции за возачи на мотоцикл поради некористење на заштитна кацига, 5 мерки за затемнети стакла без извршен А-тест, 8 санкции за вршење јавен превоз на патници без лекарско уверение“, соопшти МВР.

Полицијата соопшти и дека се одземени 2 мотоцикли по член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелира полицијата.

Share This Article