Опасен топлотен бран во Шпанија – 102 смртни случаи поврзани со топлината од минатата сабота

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од минатата сабота, кога започна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со високи температури и топлина, објави Системот за дневно следење на смртноста од сите причини (MoMo).

Вкупниот број на смртни случаи во јуни оваа година, кој според Националната метеоролошка агенција (Aemet) беше оценет како најжешкиот месец некогаш регистриран во земјата, достигна 380, објави шпанскиот весник Elmundo.

Податоците на MoMo покажуваат дека вкупно 2.168 смртни случаи поврзани со високи и ниски температури се регистрирани во првата половина од годината, што претставува 68 проценти од вкупниот број смртни случаи предизвикани од топлина во текот на 2024 година, кога беа пријавени 3.521 смртни случаи.

Јуни беше месецот со најголем број смртни случаи поради топлотен удар, при што понеделник, 30 јуни, беше денот со најголем број смртни случаи – 46, додека недела, 28 јуни, имаше 32 смртни случаи, идентичен број како и целиот јуни 2024 година.

Во јуни 2024 година немаше топлотни бранови, а просечната температура беше 19 степени Целзиусови, што го прави еден од „постудените месеци“ на Иберискиот Полуостров од април 2022 година.

Најголем број смртни случаи во јуни 2025 година е забележан кај жените – 237, додека поголемиот дел од жртвите беа над 65 години, а граѓаните над 75 години се особено ранливи.

Според податоците на Aemet, просечната температура во јуни оваа година изнесуваше 23 степени, што е за 0,8 степени повисоко од претходниот рекорден јуни во 2017 година, додека зголемувањето во споредба со просечната температура за периодот од 1991 до 2020 година изнесуваше дури 3,5 степени.

Јуни оваа година започна со температури над 43 степени во неколку градови на југот од Иберискиот Полуостров, а највисока температура е забележана во општината Алконселос и Фуентес де Андалусија, каде што температурата достигна 43 степени.

Share This Article