Полицијата приведе 64-годишен маж од Злетово кој во алкохолизирана состојба управувал возило и излетал од коловозот на регионалниот пат село Лесново – Злетово.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 2 јули околу 20 часот. Полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода В.Ј. (64) откако со патничко возило шевролет спарк изгубил контрола и излетал надвор од патот.
„При извршениот увид било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол. Со алкотест му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта“, информираат од МВР.
Полицијата информира дека во незгодата нема повредени лица. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.