Британската пејачка Лили Ален откри дека не се сеќава колку абортуси имала и дека мислела оти било романтично кога нејзиниот поранешен партнер ѝ понудил да плати за еден од нив.
Додека отворено зборуваше за контрацепција во разговор со својата пријателка, новинарката Микита Оливер, пејачката Лили Ален откри дека не го знае точниот број на абортуси.
Зборувајќи во нивниот поткаст „Miss Me?“, 40-годишната Ален го опиша својот репродуктивен систем како целосна катастрофа, признавајќи дека редовно забременувала.
„Сега имам спирала. Порано, бев бремена на секој час“, истакнала таа.
Кога Микита рекла дека не знаела дека Лили некогаш прекинала бременост, пејачката почнала да пее на мелодијата на „My Way“ од Френк Синатра, објави „Дејли мејл“.
„Имав неколку абортуси… Но, не можам да се сетам точно колку“, рече таа, а потоа продолжи: „Не можам да се сетам. Мислам, можеби, сакам да кажам четири или пет“.
Микита одговори: „И јас имав околу пет! Лили, толку сум среќна што можам да го кажам тоа, и можете да го кажете тоа, и никој не дојде да нè критикува, немаше осуда. Имавме приближно ист број абортуси“.
Потоа Лили се сети на едно од своите искуства со поранешно момче.
„Се сеќавам еднаш забременив и типот ми плати за абортусот и мислев дека е толку романтично!“, истакнала таа, а потоа продолжила:
„Мислам дека е великодушно или романтично. Помислете на таа инвестиција, колку се 500 фунти? Децата се многу поскапи.“
Потоа открила дека повеќе не се слушнала со него откако ја прекинала бременоста, но објаснила: „Мислам, искрено. Бев проклето луда кучка – сè уште сум!“