Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во Балискиот теснец во Индонезија рано утрово, изјави висок функционер од Канцеларијата за пребарување и спасување на Источна Јава.
Бродот, КМ Туну Пратама Џаја, патувал од пристаништето Кетапанг, Источна Јава, до пристаништето Гилиманук на островот Бали кога потонал, соопштија официјални лица.
Потрагата по исчезнатите е во тек, а лошите временски услови ги отежнуваат спасувачките операции, се вели во соопштението.