Битолчанката М.Л. (43) измамила 64-годишен сограѓанин, убедувајќи го дека е вработена во Министерството за внатрешни работи и дека може да го вработи неговиот син на работна позиција во истата институција. За таа „услуга“, жртвата во неколку наврати ѝ исплатила вкупно 22.500 евра.
Случајот се случувал во периодот од септември 2024 до април 2025 година, а според податоците од истрагата, осомничената не само што лажно се претставувала како службено лице, туку и постојано го одржувала во заблуда оштетениот, давајќи му лажни надежи за решавање на повеќе „службени постапки“.
– Пријавената со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда лице од Битола со лажно претставување дека е вработена во МВР. Со тоа успеала да извлече значителна сума пари во неколку наврати – изјавија од СВР Битола.
Против М.Л. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
