Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската Kлиничка болница.
Станува збор за 41-годишна жена која се движела по шумски пат во место викано „Голем рид“.
„На 01.07.2025 околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена Е.Х.(41) од село Синичане, која според пријавеното, се здобила со повреди околу 16.30 часот кога на шумски пат на место викано Голем рид во село Синичане била нападната од мечка“, соопшти СВР Тетово.