Трагедија во Италија, телото на Адна пронајдено меѓу камења

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Страшна трагедија ја потресе Италија, откако во попладневните часови вчера се удави 9-годишно девојче со македонско потекло. Како што пренесува италијанските медиуми, несреќата се случила околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо.

Девојчето по име Адна Ислам, ќерка на Ихмет и Наила, живеело со семејството во Кавасо дел Томба. Таа била на семеен излет покрај брегот на реката Пјаве заедно со родителите и своите помали брат и сестра.

Според информациите, додека си играла со други девојчиња на камењата крај реката, малата Адна се лизнала, паднала во водата и била однесена од силната струја. Семејството веднаш повикало помош, а на местото пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи од италијанската противпожарна бригада.

– На повик дојдоа околу 20 пожарникари од засебните единици на Монте­белуна и Тревизо, како и специјалисти за водни интервенции, нуркачи, дрон и хеликоптер од Венеција, како и припадници на карабињерите. Поради непредвидливата струја, спасувачките операции беа исклучително тешки. По околу два часа потрага, околу 18:30 часот нуркачи го пронајдоа телото на девојчето меѓу големи карпи на реката. Лекар од итната помош констатира смрт – јавува РАИ Њуз.

Локалните власти, меѓу кои и градоначалникот и неговата заменичка, изразиле длабоко сочувство до семејството на трагично загинатото девојче и понудиле поддршка во овие тешки моменти.

Share This Article