Најсексапилната актерка на денешницата Сидни Свини, 27-годишната ѕвезда на серијата „Еуфорија“ и една од најпопуларните актерки во светот, блесна во розова боја на гламурозната свадба на милијардерот Џеф Безос и новинарката Лорен Санчез во Венеција.
Свини ги привлече погледите кога се појави на венчавката на Безос и Санчез во петокот, 27 јуни. За да пристигне на луксузната церемонија која се одржа на островот Сан Џорџо Маџоре во Венеција, Сидни избра розов фустан.
Атрактивната актерка изгледаше како вистинска грчка божица на венчавката на годината.
Сидни се појави во елегантен фустан без прерамки, со горен дел во форма на корсет, а кој се ширеше во прекрасна здолниште во А-крој. За да ја комплетира модната комбинација, Сидни носеше нежно розова шминка, додека својата долга руса коса ја стилизираше во бранови.
Покрај Сидни Свини, на раскошната венчавка во Италија се појавија и бројни други холивудски ѕвезди и познати личности, меѓу кои и членови на семејствата Кардашијан и Џенер, Опра Винфри, Иванка Трамп, Леонардо Дикаприо, Виторија Черети, Орландо Блум и Ел Гулдинг.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
