Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да потпише помилувања или каква било аболиција за кривичното гонење на оние кои учествуваа во насилства.
Вучиќ додаде дека ќе има уште многу апсења поради нападите врз полицијата во саботатабеч по протестот на студентите што блокираат факултети.
– Ова не е крај, лицата се идентификуваат, на тоа работи БИА – рече Вучиќ.
„Неа (Србија) не можете да победите со насилства, таа не запре и нема да застане“.
Ова го рече Вучиќ и најави инфраструктурни проекти, патишта и отворање железнички делници. Според него, најавата „имате зелено светло“ на крајот од вчерашниот протест во Белград е директен повик за граѓански конфликти и за напади врз полицијата.
– Ги повикувам надлежните обвинителства да си ја работат својата работа, да не се преправаат дека се неспособни и наивни. Доаѓа време на одговорност, почитувани граѓани – рече српскиот претседател.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека синоќа по протестот се приведени 77 лица, од кои 38 се задржани. Меѓу приведените има и едно малолетно лице.
Против 35 лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а против 26 лица ќе биде поднесено барање за прекршочна постапка. Во акцијата на полицијата се повредени 48 полицајци, изјави Дачиќ на прес-конференцијата.
– Еден припадник на полицијата има тешки телесни повреди на главата. Голем дел од заштитната опрема е уништена или оштетена – изјави Дачиќ на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, го осуди насилството и нападите на хулиганите врз полицијата по протестот во Белград и ги повика сите да ги смират тензиите и да се однесуваат одговорно.
Како што соопшти Владата, Мацут изрази искрена благодарност до припадниците на МВР и до сите безбедносни служби што реагираа брзо и професионално, спречија поголеми инциденти и што ги заштитија граѓаните и нивниот имот.
– Србија е демократско општество во кое мислењата можат и мора да се изразуваат на мирен и на цивилизиран начин, без да се загрози безбедноста на граѓаните и да се наруши јавниот ред и мир. На Србија ѝ се потребни мир, стабилност и заедничка работа за подобра иднина – истакна Мацут.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, јавно реагираше дека студентите на вечервашниот протест во Белград на плоштадот Славија повикале на граѓанска војна.
„Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите ‘Да живее Србија’. Завршија со морничав повик за убивање на Србија, монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа Икс.
Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека 6 полицајци и двајца граѓани се повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
