Background

Кремљ напредува бавно, но постојано на источниот фронт

Портпаролот на украинските сили од источниот фронт, Виктор Трехубов, за агенцијата Укринформ изјави дека градовите Костјантинивка и Покровск се клучни жаришта на борбите и дел од стратешките цели на Русија.

Украинскиот врховен командант, Олександр Сирски, во саботата предупреди дека руските сили започнале нов офанзивен бран кон важен град на истокот, додека од Москва пристигнуваат тврдења за напредок на фронтот југозападно, објави Ројтерс.

По неуспешниот обид за брзо освојување на Киев во првите недели од инвазијата во февруари 2022 година, руската воена стратегија се префрли на заземање на целиот Донецки регион.

- Advertisement -
Ad image

Костјантинивка се смета за една од главните цели на руската армија, а украинските сили со месеци го бранат градот од постојани напади. Локалните власти ги повикаа жителите, кои сѐ уште се таму, да се евакуираат поради разурнатата инфраструктура.

Сирски на Телеграм објави дека областа околу Костјантинивка е под силни напади, но и покрај тоа што Русија трпи сериозни загуби, не постигнала значаен пробив. Тој додаде дека руските сили се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана на 3 различни оперативни правци.

Истовремено, украинските сили минатата недела успешно одбиле силен напад кај селото Јаблуновка во североисточниот Сумски регион, каде што руските сили се обидувале да воспостават безбедносна зона на украинска територија.

Руското Министерство за одбрана, пак, објави дека нивната армија го зазела селото Червона Зирка, лоцирано во близина на административната граница со Дњепропетровскиот регион, што претставува нова точка на судир подалеку од главниот источен фронт.

Руското напредување на истокот е бавно, но континуирано, со секојдневно заземање нови населени места, што резултира со големо уништување на инфраструктурата. Москва и понатаму условува мир со признавање на нејзината контрола врз четирите украински региони: Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон – иако досега не е целосно заземен ниту еден од нив.

Во последните недели, Москва тврди дека напредува и во регионот Дњепропетровск, кој се граничи со Донецк и Запорожје, но украинските власти ги негираат тие наводи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation