Пет деца се пренесени во болница откако врз нив падна дрво во парк во Есекс, Велика Британија, објавија британските медиуми.
Две тешко повредени деца прво биле префрлени во Универзитетската болница Саутенд, а 3 деца се здобија со полесни повреди по инцидентот во паркот Чоквел во Саутенд.
Полицијата во Есекс соопшти дека полицајците, како и противпожарната и медицинските служби, реагирале на „сериозниот инцидент“.
Локалната здравствена служба објави дека на местото на настанот се испратени шест амбулантни возила и медицински хеликоптер.
Полицијата во Есекс соопшти дека ќе остане на местото на настанот по сериозниот инцидент во паркот, а истрагата ќе ги утврди сите околности за несреќата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
