Новата шефица на Тајната разузнавачка служба на Велика Британија, МИ6, Блез Метруели, според документите, е внука на нацистички шпион познат како „Касапот“, открива британскиот вени Дејли Меил.
Порано овој месец, Метруели стана првата жена што ја предводи британската тајна разузнавачка служба МИ6, објавува „Индипендент“.
Меѓутоа, германските архиви до кои дојде Дејли Меил откриваат дека нејзиниот дедо, Константин Доброволски, бил нацистички шпион.
Доброволски, Украинец, пребегнал од Црвената армија и станал главен нацистички информатор во областа Чернигов.
Сепак, Министерството за надворешни работи изјави дека Метревели „не го познавала ниту го запознала својот дедо од таткова страна“.
– Потеклото на Блејз е обележано со конфликти и поделби и, како и многумина од оние со источноевропско потекло, токму ова комплексно наследство придонесе за нејзината посветеност на спречување на конфликти и заштита на британската јавност од модерните закани од денешните непријателски држави, како следен шеф на МИ6 – изјави портпаролот за медиумите.
Метруели никогаш не го запознала својот дедо, кој останал во Украина окупирана од нацистите додека семејството избегало од Црвената армија во 1943 година.
„Дејли меил“, кој прв ја откри семејната врска, објави дека пронашол стотици страници документи во архива во Фрајбург, Германија, кои покажуваат дека Доброволски бил познат како „Касапот“ или „Агент бр. 30“ од командантите на Вермахтот.
Тој наводно потпишал писма до своите нацистички претпоставени со „Хајл Хитлер“ и рекол дека „лично“ учествувал во „истребувањето на Евреите“.
Доброволски е во 1906 година од германско-полскитатако и мајка Украинка, тој го мразел Советскиот Сојуз бидејќи неговиот семеен имот бил конфискуван по револуцијата во 1917 година.
Се приклучил на нацистите во 1941 година и за неговата шпионажа добивал плата од само 81 рајхсмарка или во денешна противредност од околу 250 фунти.
Во своите писма до нацистичките офицери, тој поздравувал „Хајл Хитлер“ и го признал своето учество во масакрот на Евреите во близина на Киев.
„Дејли меил“ наведува дека има и извештаи за ограбување на телата на жртвите од холокаустот и исмејување на сексуалната злоупотреба на затворенички.
Советите понудиле награда од 50.000 рубљи за него, што е околу денешни 200.000 фунти, и го прогласиле за „најлош непријател на украинскиот народ“.
По војната, неговата сопруга Барбара и синот Константин пристигнале во Велика Британија.
Барбара се премажила, а Константин, таткото на Метруели, го зел презимето на неговиот очув.
Блејз не го запознала својот биолошки дедо.
Метруели е професионална разузнавачка која во 1999 година се приклучила на MI6, веднаш по студирањето во Кембриџ, а поголемиот дел од својата професионална кариера го поминала на оперативни улоги на Блискиот Исток и Европа.