Азески смета дека гаранцијата од Обединетото Кралство значи стабилност

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Гаранцијата што Македонија ја добива од Обединето Кралство за кредитирање, значи многу за општата стабилност на државата и за регионот, бидејќи Обединетото Кралство е значаен фактор во светот и на политички и на економски план. И ваква една земја да гаранатира за одредени средства за нашата држава значи дека застанува зад нас и тоа е значаен поттик за политичко средување на состојбите а и за економската активност. На економски план, секоја инвестициска активност за нас е добредојдена бидејќи без неа не може да се остварат двете начела на бизнисот, а тоа се компаниите да остварат профит, а граѓаните да го зголемат животниот стандард, вели Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија, во ставот искажан за инвестициската клима.

Азески става акцент и на капацитетот на државата да ги искористи парите понудени согласно гаранцијата, но и за капацитетот на домашните компании да се вклучат во инвестициските активности. Тој посочува дека Стопанската комора во овој период е целосно насочена кон тоа да им помогне на компаниите да ги оспособи непречено да се вклучат во таа работа и дека за секој нов проблем со кој фирмите ќе се соочуваат Комората ќе се вклучува во изнаоѓање решение.

– На пример за заедничкиот настап на компаниите за учество на меѓународните тендери градиме конзорциуми и иницираме формирање конзорциуми. Кај образованието за потребите на бизнисот работиме на формирање кадар онаков како што бараат компаниите. Работиме и на поддршка на компаниите за заеднички настап на трети пазари, заедички производи, на извозната активност. Железницата е рак рана на македонската инфраструктура а ние се наоѓаме на коридор кој има транзитна позиција и е значаен за поврзување на Централна Европа и Медитеранот со Блискиот Исток. Само ние уште имаме повисока цена на транспорт со камионски превоз од железнички – вели претседателот Азески.

Share This Article