Background

За Страшевски судењето е циркус, Манев не видел ниеден доказ, а Ефремов бара олеснителни околности за Кешишев

По денешната пресуда доживотен затвор за четворицата убијци на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски (74) нивните бранители најавија жалби пред Апелацискиот суд.

Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски Палчо не сакше да ја коментира пресудата.

– Наше видување е дека како што почна, така заврши овој циркус. Обвинителството беше без ниту еден доказ, а Судот врз основа на напишаното во обвинителниот акт донесе пресуда. Немаше ниту разумен сомнеж. Јавното обвинителство беше конфузно. Во завршниот збор, целиот акцент го стави на таткото на детето, кој денеска, според мене, доби заслужена ослободителна пресуда. Јавното обвинителство немаше докази против него, исто како и за мојот клиент – рече Страшевски.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека ќе почека да ја види пресудата и образложението и тоа како судот ги изнел изнесените докази.

– Од она што го слушнавме мислам дека во судот не е ценет ниту еден доказ на одбраната, иако имаше доста. Судот нема направено оценка ниту на сите докази посебно, ниту на сите заедно како целина. Пресудата за Љупчо Палевски не е издржана – изјави Страшевски.

И Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски најави жалба.

– Во објавата на пресудата слушнавме два непобитни факти. Судот ги ослободи обвинетите од одговорноста за грабнувањето на Панче Жежовски, па јас би прашал, како го убија, а не го грабнаа? Второ, судот во својата објава вели дека Панче е убиен во периодот околу 10 до 10.30 часот, а цела Македонија виде снимка дека во 12.30 човекот е жив, на бензиската станица Лукоил во Велес. Конфузното обвинение беше само препишано во пресудата. За доказите, знам дека не постои ниту еден доказ на кој се темели обвинението – рече Манев.

Игор Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев рече дека судот не ги зел целосно во предвид олеснителните околности.

– Судот не го зел в предвид особено фактот дека ако не беше Кешишев немаше да бидат пронајдени ниту телата, ниту ќе се откриеше наинот на извршување на грабнувањата. Особено сметам дека судот не поклони доволно верба на исказот на Кешишв во делот дека дејствувал по страв и наредби на Палевски. Кога ќе го добиеме образложението на пресудата, ќе поднесеме жалба – рече адвокатот Ефремов.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation