МЕП Муртезани и ректорот на ИБУ проф. д-р Сунар,  потпишаа Меморандум за соработка во контекст на евроинтеграциите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска имаше средба со ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, проф. д-р Лутфи Сунар, на која беше потпишан Меморандум за разбирање со цел институционално зајакнување на соработката во контекст на европските интеграциски процеси на Република Северна Македонија.
На средбата со професорите од овој Универзитет, министерот Муртезани истакна дека ваквиот вид на институционално партнерство е од суштинско значење за успешно спроведување на европската реформска агенда, овозможувајќи интеграција на академското знаење во јавните политики и создавајќи силна база за ефикасна имплементација на европските стандарди и вредности во нашето општество.
Со овој Меморандум, Министерството за европски прашања и Меѓународниот Балкански Универзитет поставуваат јасна и долгорочна рамка за соработка во областите од заемен интерес, особено во академската, образовната и истражувачката дејност поврзана со евроинтеграциите.
Документот предвидува развивање заеднички иницијативи кои ќе обезбедат поддршка за градење капацитети на државните службеници и студентите, како и заедничко организирање на семинари, конференции и работилници посветени на клучните европски теми, размена на експертиза и најдобри практики во областите на пристапниот процес, анализа на јавните политики и правна хармонизација со ЕУ. Посебен акцент ќе биде ставен и на заеднички истражувачки проекти, подготовка на студии и публикации, како и развој на специјализирани академски програми во рамките на европските студии и европското право.
Share This Article