Background

Владата донесе итни мерки поради топлотниот бран

Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025–2030.

– Активираме сѐ што е потребно за да го заштитиме населението. Оваа фаза содржи координирани активности на повеќе институции со цел минимизирање на ризиците од високите температури врз здравјето на граѓаните – порачуваат од Владата.

Се задолжуваат сите министерства, државни органи и надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките. Исто така, тие треба веднаш да ги координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти за спроведување на одредбите од фаза 3.

- Advertisement -
Ad image

Мерки и обврски по институции

Министерството за здравство, во координација со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ќе има обврска редовно да ја информира јавноста за состојбата со топлотниот бран.

– Јавната комуникација е клучна. Ќе ја засилиме транспарентноста и навременото известување за температурните екстреми – велат од Владата.

Сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции треба веднаш да ги активираат своите интерни протоколи за вонредни состојби.

Во делот на работните услови, Владата препорачува:

– Одложување на работните процеси во периодот од 11:00 до 17:00 часот за работниците кои се изложени на директна сончева топлина;

– Воведување работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е можно;

– Создавање микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C;

– Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години доколку нема услови за прилагодување на работниот простор.

– Наш приоритет се работниците. Никој не смее да биде оставен без соодветна заштита на своето работно место – истакнуваат од Владата.

Поддршка за ранливите категории и нови правила за градинките

Во социјалниот сектор, центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст треба да ја зголемат теренската поддршка, особено за осамени, стари и бездомни лица.

Образовните установи, вклучително и детските градинки, ќе мора да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

– Грижата за најмалите е врвен приоритет – секоја активност ќе биде приспособена на новите климатски услови – велат од владиниот кабинет

Климатизиран јавен превоз и координирани мерки на сите нивоа

Градовите ќе имаат обврска да обезбедат климатизиран јавен превоз во текот на целиот ден, а јавните простории и установи мора да овозможат пристап до разладени простории за граѓаните.

– Граѓаните ќе имаат пристап до климатизирани простори и превоз – нашата задача е тие да бидат безбедни и информирани – порачуваат од Владата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation