Четиригодишно девојче од Македонија спасено на плажа во Грција од херои од Србија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вистинска драма се одигра во петокот попладне (20 јуни) на плажата во Неа Врасна, Грција, кога четиригодишно девојче од Македонија било извадено од морето без знаци на живот. Брзата и стручна интервенција на медицинскиот техничар Саша Костиќ од Србија и неговата колешка, докторката Душка Стојановиќ, го спасија детето од сигурна смрт.

– Бев во плиткото со син ми кога одеднаш видов паника кај еден пар – родителите носеа девојче кое не покажуваше знаци на живот. Без двоумење истрчав кон нив – раскажа Костиќ за српската телевизија Прва, опишувајќи ја сцената што личела на сцена од хорор филм.

Според него, девојчето било без свест, со знаци на срцев застој и можно задушување.

– На помош ми се придружи и мојата колешка, д-р Душка Стојановиќ. Сфативме дека станува збор за секунди – дека детето умира пред нас. Почнавме веднаш со реанимација, правевме срцева масажа и обид за отворање на дишните патишта – вели Костиќ.

Додека лекарите се бореле за животот на девојчето на песокот, на плажата пристигнал и спасувачкиот тим кој донел дополнителна опрема за стабилизација на телесната температура и поддршка на дишењето.

– Девојчето оживе. Тоа беше момент кој никогаш нема да го заборавам. Ја вративме во живот. Почна да дише, стана свесна. Ја држевме будна додека доаѓаше брзата помош – продолжува Костиќ.

 

 

- Advertisement -
Ad image

По неколку минути пристигнала брзата помош, која го пренела детето во најблиската болница. Според српските медиуми, таму ѝ била укажана целосна медицинска грижа и состојбата ѝ била стабилизирана.

Девојчето сѐ уште е хоспитализирано, но лекарите очекуваат наскоро да биде пуштено на домашно лекување.

Од болницата, според српските медиуми, потврдуваат дека состојбата е добра и стабилна, а реакцијата на лекарите и спасувачите ја опишуваат како „пример за херојство и медицински професионализам“.

- Advertisement -
Ad image

„Најстресниот ден во мојата кариера“ – Херојот од Неа Врасна раскажува за драмата со македонското девојче

Директорот на спасувачката служба BLS/AED/ERC, Христос Тиалиакас, го прераскажа инцидент, кој го нарече најстресен и најтрогателен во неговата кариера, пренесуваат грчките медиуми.

– Кога почнавме во 2017 година, бевме само двајца или тројца. Денес сме тим од 15 обучени спасувачи, подготвени за секоја ситуација – но денешниот инцидент беше најстресен и најтрогателен досега – вели Христос Тиалиакас, директор на спасувачката служба BLS/AED/ERC во Грција, кој лично учествуваше во спасувањето на четиригодишното девојче од Македонија на плажата во Неа Врасна.

– Со години сме се соочувале со секакви инциденти – дефекти, повреди, па дури и критични ситуации со загрозени животи. Но, никогаш не сум пуштил солза… до денес. Откако детето беше успешно стабилизирано и пренесено со амбулантно возило, сите ние што учествувавме – од спасувачи до медицинари – се прегрнавме. Сите плачевме. Овојпат тоа беа солзи на радост – раскажа Тиалиакас, опишувајќи ја емотивната кулминација на спасувањето.

Share This Article