Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во матичната Комисија за култура и туризам. Членовите на Комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање.
Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и сѐ останато преминува под надлежност на Министерството за култура и туризам.
Со измените, меѓу другото, се предвидува министерот за култура да го формира Советот за промоција и поддршка на туризмот и да се доделуваат субвенции за туризмот.
Според предлагачот, целта на законските измени е институционално унапредување на туристичките политики, зголемена ефикасност и централизирано планирање и синергија меѓу културата и туризмот.