Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, општината нарача изработка на техничка документација,Основен проект за реконструкција на отвореното спортско игралиште за мали спортови во село Мешеишта.
Со проектот се планира поставување на нов асфалтен слој и слој од тартан со д=1,3 см,демонтажа на постојната и изградба на нова ограда околу полигонот,нови стативи,нови табли и обрачи за кошовите,санација на надворешните санитарии, репарација на постојната трибина и фарбање на столчињата ,а во северниот дел плато за фитнес опрема и детски реквизити .
По завршувањето на проектот и ревизијата на истиот и обезбедување на одобрение за реконструкција од страна на општината проектот ќе биде аплициран за обезбедување финансиски средства во Министерството за спорт,од каде се очекува да биде одобрен.
Проектот го изработува проектантското друштво “Параметар” Скопје, а средствата за изработка на проектот и ревизијата, во износ од 1.507,491 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.