Oд денес, „Со книга на плажа“ со „Матица македонска“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денес, „Матица македонска“ почнува со традиционалната акција „Со книга на плажа“. Над 3000 наслови се овозможени со попуст до 70%, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. Од денес до 20 август, љубителите на книгата и членовите на Клубот „Матица“ ексклузивно ќе имаат убава можност од богатата колекција на изданија да ги збогатат своите библиотеки по исклучително достапни цени. Со цел книгите на македонски јазик и натаму да се сѐ поприсутни во секој македонски дом, попустот се однесува и на најактуелни изданија.

Акцент е ставен и на книгите од македонските автори, како и на најновите бестелери од светски познати автори. Оваа година, за акцијата „Со книга на плажа“, „Матица македонска“ има направено голем избор од илјадниците автори, книги и приказни– најбараното и од домашната продукција и од светската книжевност. Романи за сите генерации, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, есеистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, книги за деца, енциклопедии, духовна литература, книжевна критика, поезија и разни креативни изданија ќе бидат овозможени во книжарницата на „Матица македонска“.

Години наназад, со акцијата „Со книга на плажа“ и со манифестацијата „Книга во секој дом“ на „Матица македонска“ се потврдува дека и во време кога новите технологии земаат најсилен замав, во Македонија има сериозна и бројна читателска публика, која бара книгата соодветно да дојде до неа. Изданијата опфатени со акцијата „Со книга на плажа“, и годинава се достапни и преку е-книжарницата на „Матица македонска“.

Share This Article