Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако бил фатен како управува товарно возило со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената, на патот меѓу Прилеп и Крушево.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил на 18 јуни 2025 година, околу 10:00 часот, кај местото викано „Стопанство“. Полициските службеници од ОВР Крушево, при редовна сообраќајна контрола, го запреле возилото „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 121 километар на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 50 км/ч.
– Возачот С.А. (20) од Скопје е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – за безобѕирно управување со моторно возило – соопшти МВР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖