Американската централна банка (ФЕД) ги задржаа каматните стапки поради очекувањата за повисока инфлација и послабиот економски раст. Најавено е се можни две намалувања на каматните стапки до крајот на годината. Поради континуирани стагфлациски притисоци се ревидирани и прогнозите за раст и инфлација.
Клучните каматни стапки се задржани во опсег помеѓу 4,25% и 4,5% што се применуваат од почетокот на годината.
ФЕД оцени дека економските проекции укажуваат на континуирани стагфлациски притисоци, при што ја ревидира прогнозата за раст на БДП од 1,4% во 2025 година што е намалување од стапката од 1,7% што ја предвидоа во март. Се предвидува потрошувачките цени (инфлацијата) да пораснат за 3% оваа година, значително над нивната мартовска прогноза од 2,7%. Се очекува невработеноста да се зголеми на 4,5%, во споредба со 4,4% во нивната претходна прогноза.
– Во добра позиција сме да почекаме да дознаеме повеќе за веројатната насока на економијата пред да разгледаме какви било прилагодувања на нашите политики – изјави претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел.
Претседателот на САД Доналд Трамп, повторно го критикуваше Пауел и неговите колеги за тоа што не ги ублажија каматните стапки. Трамп рече дека референтната каматна стапка треба да биде најмалку 2 процентни поени пониска и го исмеа Пауел како „глупав“ затоа што не го повика комитетот да ги намали каматните стапки.