Огромна огнена топка и силен потрес ги вознемири жителите на Бока Чика

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ракетата „Старшип 36“ на „Спејс Екс“ експлодираше за време на тест за статичко палење во Бока Чика, Тексас, предизвикувајќи драматичен пожар и густ чад што се издига високо на ноќното небо.

Инцидентот се случи, околу 23 часот по локално време, за време на рутинска постапка пред лансирање.

Виралната снимка го покажува моментот кога врвот на ракетата експлодира во силна експлозија, заслепувајќи го екранот со бел блесок, проследен со огромна огнена топка и облаци од црн чад.

Според извештаите на американските медиуми, во тестот учествувале помеѓу 25 и 30 мотори, а самиот ракетен систем бил цврсто прицврстен на лансирната рампа – не бил планиран за полетување.

Експлозијата го вознемири локалното население – оштетени прозорци, тресење на земјата. Иако нема потврдени жртви, штетата на околната инфраструктура сè уште се проценува.

 

Компанијата на Илона Маск ја потврди експлозијата и губењето на ракетата, но нагласи дека станува збор за планиран екстремен тест и дека целта е да се соберат клучни податоци за идни подобрувања.

„Со вакви тестови, успехот доаѓа од она што го учиме. Овој тест ќе помогне Starship да стане посигурен вселенски брод“, соопшти SpaceX.

Елон Маск објави дека темпото на лансирање ќе биде забрзано и дека ќе следат уште најмалку три тестови во наредните месеци – распоредени на растојание од 3 до 4 недели.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article